ПОСТОИ ШАНСА САЛАХ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ЛИВЕРПУЛ?
Објавено на: 11.01.2022
Во ексклузивното интервју за британското издание на најпопуларниот машки магазин Gentlemen’s Quarterly, фудбалерот на Ливерпул изнесе едно тврдење кое може да ги скокотка навивачите на оваа екипа.
Има активен договор до 2023, но според неговите зборови, на лето е можно негово заминување од клубот во кој во моментов настапува со неверојатна форма, каде освои титула во Англија и во Лигата на шампионите:
Ги сакам навивачите, тие ме сакаат мене. Не е до мене, конечниот збор ќе го има управата. Знам дека не барам луди работи за да останам. – изјави Салах.
Овие зборови на напаѓачот Мохамед Салах ги пренесоа сите релевантни светски медиуми. Можно ли е да си замине од Ливерпул, египетскиот репрезентативец кој во моментов игра на Купот на африканските нации?
