Фудбал

НЕПОТИЗАМ НА ФАМИЛИЈАТА КОНСЕИСАО?

Менаџерот на Порто, Серџо Консеисао го внесе во игра својот (четврти по возраст) син Франциско во 87-та минута и овој постигна гол за победата на Порто (2:3) кај екипата на Есторил во 89-та минута, во рамките на португалското првенство.

Двајцата беа воодушевени од потегот, како и сите симпатизери на португалскиот симбол за фудбалот. Што вели приказната за развојот на кариерата на Франциско (19), кој почна на 8 години како младинец во редовите на лутиот ривал Спортинг?

Кога неговиот татко дојде на кормилото на Порто во 2017-та година, Франциско веднаш беше прекомандуван во развојната екипа со име Падроенси, а следната година веќе беше дел од Порто. Во август 2020-та, потпиша професионален договор со Порто.

Во февруари 2021 стана вториот најмлад фудбалер на Порто во ЛШ, во победата 2:1 против Јувентус во 1/8 финалето. Поради неговата висина (1.70) често е ословуван како „Messi do Olival“ како паралела меѓу Меси и тренинг центарот на Порто.