МЗТ ГО ОСВОИ ПРВИОТ ПЕХАР СЕЗОНАВА, АТАКУВА И НА ДРУГИОТ
Објавено на: 16.05.2021
Металците славеа со 77:69 против индиспонираниот состав на Работнички, покажувајќи дека се најдобриот колектив сезонава во македонската кошарка.
Дамјан Стојановски постигна 19 поени и го освои признанието МВП играч на финалето, а според тренерот Дарко Радуловиќ, ротацијата била клучна за победата.
Ова беше 10-ти трофеј за Аеродромци, прв со името на пехарот „Благоја Георгиевски – Буштур“. Работнички исто така има 10 пехари.
Фото: МЗТ Скопје Аеродром Facebook