Фудбал

ШТО ПРАВЕА НАВИВАЧИТЕ НА ЛЕСТЕР, КОГА СНЕМА СТРУЈА НА СТАДИОНОТ?

Лестер победи со 4:1 во мечот од ФА Купот против Ватфорд и се пласира во четвртата рунда од ова натпреварување, но натпреварот беше суспендиран на 5 минути затоа што се случи изненадувачка инцидентна ситуација.

Во 58 минута од натпреварот на „Кинг Пауер“ стадионот, снема струја по што навивачите на „лисиците“ ги осветлија трибините со мобилните телефони и запеаја хумористични песни, од кои едната гласеше „Ќе играме и во темница“:

Еве дел од атмосферата преку неколку најрелевантни фотографии:

Следното коло од ФА Купот ќе се одигра на 5-ти февруари, а финалето е закажано за 14-ти мај.