„НЕМА ГРАНИЦА КОЈА ТИ НЕ МОЖЕШ ДА ЈА ПОМИНЕШ“
Објавено на: 06.01.2022
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во (валкан, според информациите во српските медиуми) хотел во кој се сместени имигранти и лица кои илегално се обиделе да влезат во Австралија, според процедурата која ја пропишува законот на оваа земја.
Но, пред хотелот (заедно со демонстрантите кои веќе беа таму и протестираат против острите ковид-мерки во оваа земја) се наоѓаат српските иселеници, кои му даваат безрезервна поддршка на нивниот миленик, а на снимката е фамозното српско „ужичко коло“:
The Serbs are partying outside Novaks hotel. pic.twitter.com/9ie1ED1p6y
— The Juggernaut (@TheJuggernaut88) January 6, 2022
Во текот на денешниот ден, пред српското собрание во Белград се собраа неколку илјади граѓани на соседна Србија, да му дадат мирна поддршка на Новак, а неговиот татко повика на мирен и достоинствен протест против, како што рече, меѓу другото, угнетувачите на слободните народи.

Конечниот одговор за влез на Ноле во Австралија ќе се знае в понеделник, а до сабота на пладне и неговата одбрана и јавното обвинителство на Австралија има време да ги достави доказите до судот, кој ќе решава дали актуелниот победник ќе биде депортиран во Србија или ќе настапи на Аустралиан опен.