Тенис

НЕРЕДИ ПРЕД ХОТЕЛОТ КАДЕ Е ПРИТВОРЕН НОВАК ЃОКОВИЌ

Тензиите во Австралија не запираат, откако група на демонстранти се собра пред хотелот каде што Новак Ѓоковиќ е задржан.

Тие се обидоа да постават натпис над влезот на хотелот со порака:

Слобода за притворените

 

Полицијата тоа не им го дозволи и тоа само ја разгневи толпата која се собра во уште поголем број. Инаку во истиот хотел на имиграционата служба на Австралија се наоѓаат и други луѓе покрај Новак Ѓоковиќ.

За потсетување, властите во Австралија не му дозволија на светскиот број 1 рекет да влезе во земјата иако организаторите на Австралија Опен убедуваат дека неговите медицински документи за ослободување од вакцинација се валидни.

На ваквата одлука реагираше Ѓоковиќ кој испрати жалба до вишиот суд во Австралија кој се очекува во понеделник да заседава и да одлучи по жалбата на Србинот.

Неговите родители претходно обвинија за тортура која се врши врз неговиот син, бидејќи полицијата не му дозволувала да се измие и пресоблече, додека неговата мајка обвини дека властите во Австралија прават се само тој да не стигне до бројката 21 освоени Гренд слеми.