Фудбал

ГО ЗНАЕТЕ ЛИ ПРВИОТ РОДЕН ВО 21 ВЕК, СО ХЕТ-ТРИК ВО ЛА ЛИГА?

Се случи и тоа, првиот играч роден во новиот век постигна три гола на еден натпревар во Шпанија. Се работи за фудбалерот од средниот ред на Атлетик, кој има офанзивни задачи.

Ојан Сансет е роден на 25-ти април 2000-та година, кој по водството на Осасуна во 10-та минута преку Гарсија, постигна голови во 16-та, 25-та и во 68-та за конечните 1:3.

Атлетик Билбао во моментов е на 10-та позиција во Ла Лига со 27 бода од 20 одиграни натпревари, додека Осасуна е на 14-та позиција со со 22 бода од 19 одиграни меча.