КОЈ Е НАШИОТ НАЈДОБАР МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ДОСЕГА?
Објавено на: 21.12.2021
Беше тоа ладниот 22-ри јануари 2009-та година, кога македонската ракометна репрезентација го одигра најдобриот натпревар на меѓународната сцена. Најдобар не затоа што игравме најдобро, туку затоа што тоа ни беше пресвртница во историјата. Беше тоа на СП.
Во рамките на групата Ц, ни требаше победа за сигурен пласман во следната фаза. Противник ни беше Русија. Тесно славевме против Тунис (24:25), Алжир падна лесно (19:32), ја изненадивме Полска (29:30), Германија не преслуша (23:33), време беше за дуел со зборнаја.
Победивме со конечни 36:30, Лазаров постигна 13 гола, Мојсовски беше вонсериски на тој меч, комплетната репрезентација одигра на маестрално ниво, за пласман во вториот круг. Можеби мислите дека друг е нашиот најдобар натпревар? Споделете со нас…
Може ли нашата селекција, со новите сили, повторно до ново големо достигнување? За да ги следите ги настапите на Македонија во живо, вклучете се во големиот натпревар на Златна копачка и бидете дел од континенталниот собир.