Кошарка

СТЕФ КАРИ ЗА ИСТОРИЈА, НАЈДОБРИОТ НА ДЕНЕШНИЦАТА?

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс го помина Реј Ален на вечната листа на најдобрите тројкаши на НБА лигата, остварување кое не можеше да му се случи на подобро место, туку во куќата на кошарката – Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Стеф Кари има 2977 реализирани тројки во кариерата, Реј Ален е на втората позиција со 2973, а Реџи Милер е на третата со 2.560 погодени удари за три поени. Застрашувачки, во позитивна смисла, е податокот што на Кари му требаа 789 меча, додека на Ален 1.300, односно 1.389 на Милер.

И покрај индивидуалната доминација на ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс и неговата константна медиумска експонираност, дали снајперистот на Вориорс, Стеф Кари сериозно му се заканува за приматот најдобар кошаркар на денешницата?