Фудбал

КОИ ЅВЕЗДИ БЕА НА ВИСИНАТА НА ПРЕДИЗВОКОТ?

Викендот што изминува беше возбудлив од неколку аспекти, за одредени екипи. Во Премиерлигата, Јунајтед граби нагоре, а во Калчото пак, Милан се обидува да остане горе.

Кристијано Роналдо му донесе победа на Јунајтед од пенал (’75) против Норич, додека Мохамед Салах му донесе победа на Ливерпул против Астон Вила, исто така од пенал (’67).

Рахим Стерлинг со погодокот од пенал во победата на Сити против Вулверхемптон (1:0, ’66) има 100 гола под водство на Пеп Гаврдиола и само Серхио Агуеро има повеќе погодоци од него, во ерата на шпанскиот стратег.

Златан Ибрахимовиќ постигна гол во 90-2 минута на гостувањето кај Удинезе, тоа беше негов гол број 300 во европските лиги, со што миланезите се спасија од пораз и освоија витален бод во битката за врвот со Интер.

Некој друг момент да издвоите?