Фудбал

ГОЛ-МАШИНАТА ЈА ПРИВАТИЗИРА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ?

Долго време бевме сведоци на владеењето на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во најелитното фудбалско натпреварување на светот, но дојде времето на промени. Сега на сцената стапува друг играч, кој полека го презема приматот.

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски од Баерн Минхен стигна до бројката 100, во најквалитетната фудбалска лига – тој има 82 гола и 18 асистенции. На вечната листа на стрелци се наоѓа на третата позиција, зад Португалецот и Аргентинецот:

Роналдо (36) – 140 (181 настап)
Меси (34) – 125 (154 настапи)
Левандовски (33) – 82 (102 настапа)

Бројот на голови и просекот меѓу Левандовски и Роналдо математички не се далеку, но проблем за Полјакот, ако почне да го брка рекордот, е неговата возраст. Во следните три години треба добро да се запоти, под услов Роналдо да не одигра ништо.

Изводливо?