КОЈ Е НАШИОТ НАЈДОБАР ПЛАСМАН ДОСЕГА?
Објавено на: 09.12.2021
Македонија ќе биде дел од следното европско првенство во ракомет, што ќе се одржува во Унгарија и Словачка, од 13-ти до 30-ти јануари 2022-та година. Ние играме во групата А со Словенија, Црна Гора и Данска. Најдобрите две селекции продолжуваат во втората фаза.
Нашиот најдобар пласман досега е 5-то место на ЕП во Србија 2012-та година, кога Кирил Лазаров постави рекорд со 61 гол на континенталните собири што траеше до 2020-та, а ние игравме реми со Шведска (26:26), загубивме за влакно од Германија (23:24) и ја совладавме Чешка (21:27) во првата фаза.

Во втората фаза загубивме од Данска (32:33), ја совладавме Полска (25:27) и славевме против Србија (19:22). За петтата позиција победивме против селекцијата на Словенија (28:17) што е досега најдобар наш пласман на големите собири (ЕП и СП). Како ќе играме сега во Дебрецин?

Може ли нашата селекција, со новите сили, повторно до ново големо достигнување? За да ги следите ги настапите на Македонија во живо, вклучете се во големиот натпревар на Златна копачка и бидете дел од континенталниот собир.