Фудбал

ОЛЕ ИМ СЕ ИЗВИНУВАШЕ НА ФАНОВИТЕ НА ЈУНАЈТЕД

Манчестер Јунајтед не памети поголемо понижување во последните години од денешниот резултат од 4:1 на гостувањето кај Вотфорд.

Оле Гунар Солскјер е на излезни врати од клубот, но на крајот на натпреварот не ја пропушти можноста да им се заблагодари на фановите кои дојдоа да ги бодрат црвените ѓаволи на гостувањето.

Со кренати раце, признавајќи го поразот и срамот, Норвежанецот се упати кон нив.