Промоции

ГЛЕДАЈ ГО МЕСИ ВО ПАРИЗ!

Играј во Златна Копачка и гледај го Меси во живо во градот на светлината!

Секој уплатен тикет и секој погоден пар е шанса за освојување на два билети за натпреварот помеѓу ПСЖ и Монако со вклучен аранжман за двајца!

Од 09.11.2021 па се до 06.12.2021 секој тикет и погоден пар се рангираат согласно табелата подолу и го рангираат твојот Bet&Get профил на ранг листата која ќе ни ги даде прворангираните натпреварувачи.

РАНГ ЛИСТА

КОЈ СЕ ИМА ПРАВО НА ИГРА?

Право на учество во натпреварот има секое полнолетно физичко лице (со наполнети 18 години), освен лицата кои се вработени во Златна Копачка ЕДЕН ДОО Скопје и членовите на нивните потесни семејства (родители и деца, брат, сестра, сопруг или сопруга).

Право на учество во натпреварот немаат првите 3 рангирани од натпреварот за два билети на Ел Класико како и од натпреварот за два билети за натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Милан.

КОИ ТИКЕТИ ВЛЕГУВААТ ВО ИГРА?

Во дневната пресметка влегуваат сите тикети кои се уплатени прикажувајќи ја Bet&Get апликацијата или бројот на картичката на Bet&Get апликацијата,а ќе се бодуваат само натпреварите со коефициент 1.40 или повеќе.

Се бодуваат првите 5 тикети во денот кои ги исполнуваат условите за бодување.

Секој што ќе уплати 10 тикети на дневно ниво добива дополнителни 50 бодови во дневното рангирање.

Влегуваат сите добитни и недобитни тикети со една комбинација, а во дневната пресметка не влегуваат системските тикети, тикети на кои се играни двознаци и трознаци.

Во игра влегуваат тикетите кои се уплатени во временскиот рок траење на натпреварот.

Во игра за бодови влегуваат и тикетите во живо.

Максималниот број на натпревари за типување на еден тикет е до 50 натпревари, а минималната уплата по еден тикет изнесува 50 денари.

НАЧИН НА БОДУВАЊЕ

Бодови на дневна основа може да се добие од број на погодени парови, уплата на барем еден тикет во живо, од 10 уплатени тикети со минимална уплата од 50 денари или повеќе, како и двојно зголемување на бодовите од погоден тикет.

Бодовите од секој тикет кој е добитен се дуплираат. Пример: Еден тикет носи 10 бода. Доколку е добитен, истиот добива 20 бода на рангирање.

БОДОВИ ОД 10 УПЛАТЕНИ ТИКЕТИ

Доколку во текот на едно деноноќие се уплатат 10 тикети кои ги исполнуваат условите за бодување, играчот добива дополнителни 50 бода на дневното конто.

БОДОВИ ОД ПОГОДЕНИ ПАРОВИ

Секој погоден пар на тикетите кои влегуваат во пресметка (првите 5 уплатени тикети кои ги исполнуваа критериумите за бодување) со коефициент поголем или еднаков на 1.40 носи 1 бод. Во оваа пресметка влегува и ЕКСТРА ТИП пар.

Бодови од погодени парови со коефициент еднаков или повисок од 2.00

Секој погоден пар од 2.00 коефициент или повеќе добива 1.4 бода.

БОДОВИ ОД УПЛАТЕН ТИКЕТ ВО ЖИВО

Барем еден уплатен тикет во живо на ден ти носи 1 бод.

РАНГИРАЊЕ

На дневно ниво, ќе биде ажурирана ранг листата на веб страницата на Златна Копачка на која ќе се прикажува рангирањето на играчите.

Поради заштита на личните податоци, ќе бидат објавувани имињата на играчите и првата буква од презимето.

Прворангираниот на крајот од натпреварот победник и ќе му биде доделен аранжман со патување, сместување и два билети за дуелот помеѓу ПСЖ и Монако во Париз.

Во случај на исти бодови помеѓу првиот и вториот, победник е оној со поголем број на добитни тикети во текот на натпреварувачката фаза.

Доколку и при овој услов се изедначени, победник е оној кој прв се зачленил во Bet&Get програмата на Златна Копачка.

Секој играч во делот „Моја сметка“ може да види од каде се му доаѓаат бодовите за секој тикет одделно.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ

Сите тикети од 09.11.2021 до 06.12.2021 ќе бидат вклучени во натпреварот. Натпреварот завршува во 23:59 часот на 06.12.2021.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБРАБОТКА НА ТИКЕТИТЕ

Златна Копачка го задржува правото најдоцна седум дена по завршувањето на натпреварувачката фаза да може да ги обработи и прикаже ранг листите. Ова времетраење се должи на различни фактори, пред се тикети на кои има парови кои се одигруваат по завршување на одредена фаза, како и парови кои се одложени, корегирани и тн.

Бодовниот приказ за одреден играч може да биде променет во текот на времетраењето на натпреварот, во зависност од одиграните натпревари, односно времето на обработка на тикетот. Така, доколку натпреварите на тикетот број 1 се одиграат друг ден и истите не бидат обработени, во обработка влегуваат тикетите од број 2 до број 6.

Откако ќе бидат одиграни натпреварите од тикетот број 1 и истите бидат обработени, во пресметката влегуваат бодовите од тикетот број 1 до тикетот број 5.

Златна Копачка го задржува правото на допрецизирање на првичните правила доколку во текот на натпреварот произлезат нејаснотии.

ШТО ДОБИВААТ ОСВОЈУВАЧИТЕ НА ПРВИТЕ МЕСТА:

1 МЕСТО

Патување и билети на ПСЖ и Монако за двајца со вклучен превоз и смстување.

2 МЕСТО

iPhone 12 Mini.

3 МЕСТО

Vivax 43”телевизор + 6 ваучери од 1000 денари на Bet&Get апликацијата.

4-10 МЕСТО

Ваучер во вредност од 1000 денари кој ќе биде префрлен на Вашиот Bet&Get профил.

ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАТПРЕВАР

Натпревар кој ќе биде одложен, прекинат или обработен со коефициент 1 нема да се пресметува во бодувањето односно нема да носи бодови по основ поени затоа што практично има коеф.=1.

Сепак, натпревар кој ќе биде одложен или прекинат, влегува во пресметката по основ на уплата со минимум 4 натпревара и една комбинација (ако има 4 наптревара од кои еден е одложен, тикетот ке се бодува).

ВИША СИЛА

Доколку според одлука на надлежните органи во Франција се одложи натпреварот или истиот се игра пред празни трибини или се преместат на друга локација, Златна Копачка го задржува правото на победникот да му додели ваучер од туристичка агенција во вредност на аранжманот за патување, сместување и посета на натпреварот.

МАКСИМАЛНА ИСПЛАТА ПО ТИКЕТ

Максималната исплата не може да ги надмине максималните износи за исплата (за одиграни до 20 натпревари – 1.500.000 денари за одиграни 21 – 30 натпревари – 3.000.000 денари и за одиграни 31 – 50 натпревари – 6.000.000 денари).

ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА

Златна Копачка го задржува правото за дисквалификација на одреден играч од натпреварот доколку утврди дека го прекршува правилото на фер плеј во случаји како:

  • Двојни профили
  • Победник од првична фаза кој игра со друг кориснички профил од иста адреса
  • Злоупотреба на кориснички профил
  • Други фактори кои асоцираат на нефер игра
COVID-19 ВАКЦИНАЛНА ПОТВРДА

Согласно последните одлуки, за влез на натпреварите во Лига 1 во Франција е потребно вакцинална потврда. Златна Копачка нема никакво влијание врз одлуките на француските здравствени власти и фудбалската федерација.