Фудбал

МИЛАН, ЈУВЕНТУС, АРСЕНАЛ И СЕЛТИК ИМААТ НЕШТО, ШТО ДРУГИТЕ НЕМААТ

Италијанските гиганти Милан и Јувентус имаат титула во домашниот шампионат, освоена без пораз. Росонерите триумфираа во сезоната 1991/92 без загубен натпревар во 34 одиграни. Јувентус освои титула во сезоната 2011/12 без пораз во 38 соочувања.

Милан постави раритетно достигнување со Фабио Капело, одигрувајќи 58 меча без пораз меѓу 1991 и 1993, што е национален рекорд на Италија. Бјанконерите имаа серија од 49 натпревари без пораз во периодот меѓу септември 2011-та и ноември 2012-та.

Арсенал освои домашна англиска титула со Арсен Венгер во 2003/04 и оствари серија од 49 натпревари без пораз меѓу 2003 и 2004. Селтик триумфира во сезоната 2016/17 со 47 меча без пораз, освојувајќи ги шкотскиот шампионат, купот и Лигакупот.

Оваа домашна тројна титула на Селтик е уникатна во светски рамки, а под водство на Брендан Роџерс на клупата, детелинките од Глазгов имаа низа од 69 натпревари без пораз, која заврши со поразот од 4:0 од Хартс на 17-ти декември 2017-та.