Фудбал

ТЕВЕЗ ДОБИ ПОТВРДА ОД МЕСИ, УШТЕ СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ОД РОНАЛДО

Лионел Меси потврди дека ќе се појави на прошталниот натпревар на неговиот поранешен колега од аргентинската репрезентација Карлос Тевез.

Натпреварот во чест на поранешниот напаѓач на Јувентус, Манпчестер сити и Манчестер јунајтед ќе се одржи на 20-ти декември на стадионот на Бока јуниорс, култната „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес.

Организаторите веќе официјално го потврдија учеството на Меси на овој настан. Тевез го пкани и Кристијано Роналдо со кого играше во Манчестер јунајтед. Присуството на Португалецот сè уште не е потврдено, но има најава дека и тој ќе дојде, па првпат во кариерата Меси и Роналдо ќе заиграат во ист тим што би било спектакл.