ЖОАО ФЕЛИКС ОСТАНУВА ВО САУДИСКА АРАБИЈА, ЧЕЛЗИ ЌЕ ЗАРАБОТИ БОГАТСТВО
Објавено на: 26.11.2026
Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс ќе остане во Саудиска Арабија најмалку до 2029 година, откако Ал Наср ја активираше клаузулата за продолжување на неговиот договор.
Иако во изминатиот период се шпекулираше за негово враќање во Барселона, раководството на клубот од Ријад не планира да го продаде. Феликс, според саудиските медиуми, е задоволен од животот и атмосферата во клубот.
Со новиот договор неговата годишна плата ќе порасне на околу 12 милиони евра, плус бонуси.
Од продолжувањето на соработката ќе заработи и Челзи, на чија сметка ќе легнат дополнителни 20 милиони евра. Со тоа вкупната вредност на трансферот на Феликс во Ал Наср ќе достигне 50 милиони евра.