Фудбал

КИПАР ЌЕ БИДЕ РИВАЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО БАРАЖОТ ОД ЛИГАТА НА НАЦИИ

Ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион сакаше фудбалската репрезентација на Македонија да го добие Кипар за противник во мартовскиот бараж за место во Лига Б од Лигата на нации.

Првиот меч е на Кипар, реваншот во Македонија. Кипар до овој бараж дојде како второпласиран во групата во која убедливо прва беше Црна Гора, а зад Кипар се најдоа Ерменија и Летонија.

Македонија и Кипар досега се сретнале двапати и тоа одамна, во квалификациите за ЕП 1996, и билансот е една победа за Македонија и едно реми.