Фудбал

РЕАЛ МАДРИД ЈА ОБЕЗБЕДИ ЕДНА ОД НАЈВАЖНИТЕ ПОЗИЦИИ И ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Искусниот 34-годишен голман Тибо Куртоа ќе брани за Реал Мадрид до јуни 2028 година. Ова треба да биде официјално потврдено од Кралскиот клуб, откако двете страни се договориле за продолжување на договорот на уште една сезона.

Куртоа е еден од клучните играчи на Реал Мадрид, голман кој брани фантастично. Белгискиот репрезентативен голман на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во летото во 2018 година од редовите на Челзи и до сега има 348 настапи за шпанскиот гигант.

Со овој договор со Куртоа, Реал само продолжува со задржување на играчите кои ги има во моментов. Претходно Кралевите потврдија дека е продолжена соработката и со турскиот репрезентативец Арда Ѓулер до 2032 година, а истиот рок на важност го има и новиот договор на Орелиен Чуамени.