АРГЕНТИНА Е СИЛНА И БЕЗ МЕСИ, КОСТАРИКА СЕ УВЕРИ ВО ТОА
Објавено на: 18.11.2026
Аргентина убедливо ја порази Костарика со 7-0 во пријателски натпревар одигран во Кордоба. По два гола за Гаучосите постигнаа Нико Паз, Хулијан Алварез и Франко Мастантуоно, а еднаш погоди Алексис Мекалистер.
Кај светските вицешампиони никој не го носеше дресот со бројот 10, со што му направија чест на Лионел Меси, Но, на официјалните мечеви, ќе мора да имаат десетка, а дилемата е дали таа чест ќе му припадне на Паз или Алварез кои се спомнуваат како кандидати за наследници на Меси.