НИКОГАШ НЕМА ДА ПОГОДИТЕ КОЈ Е ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА ПРЕКОРИ ПРЕМИЕРЛИГАТА
Објавено на: 21.10.2021
За многумина тоа ќе биде Жозе Мурињо, на прва помисла, но за експертите тоа е Антонио Конте. Португалскиот стратег е само површен итрец, во споредба со италијанскиот фудбалски тактички маестро.

Во 2016-та година на клупата на Челси, по заминувањето на Мурињо, Холанд и Хидинк, Антонио Конте во двете години на неговото владеење направи дар-мар во англискиот фудбал. Освои една титула (2017) и еден ФА Куп (2018), нема меѓународен пехар, но од него почна револуцијата.

Конте ја крена линијата за тактичка комплексност во играта, со напади како изверзирани сет-парчиња, врежани во мускулната меморија на играчите, тактика која сега бара +90 бодови од еден клуб за освојување на титулата.

Финансиската нееднаквост е главната причина поради која другите екипи, послабите, се затвораат како школки и не дозволуваат посилните и помоќните да играат слободно, па затоа тие мали финеси и детали – пресингот во средната зона, како екипа и индивидуално, потоа синхронизираното движење на целата екипа, потоа позициите каде да застанеш, како да додадеш, кога да трчаш и кога да застанеш, се тенката граница меѓу шампионите и сите други.

Така играат екипите на Клоп (Ливерпул), Гвардиола (Манчестер Сити) и Тухел (Челси), а сите други, имитираат фудбал.