Фудбал

НЕОЧЕКУВАНО: РЕАЛ МАДРИД ВЕЌЕ ГО ДОГОВОРИ ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Реал Мадрид веќе размислува за новата сезона, а веќе се знае и првото засилување. Кралскиот клуб постигна договор за ангажирање на играчот за врска Латиф Исман од Логроњес. Младиот интернационалец од Гана ќе му се приклучи на тимот „Кастиља“ следното лето.

Договорот беше финализиран денес, со што 20-годишниот фудбалер стана првото засилување на клубот за сезоната 2027/28. Исман, неколку месеци беше на радарот на Реал Мадрид, но првиот обид да го привлечат меѓу Кралевите беше неуспешен.

Сепак, челниците на Реал не се откажаа и денеска конечно го финализираа договорот со тимот на Логроњес за добивање на услугите на Исман. Актуелниот договор на Исман со УД Логроњес трае до 30 јуни 2027 година, што значи дека неговото преминување во Реал Мадрид ќе се совпадне со истекот на неговиот постоечки договор.