ИТАЛИЈА СО ПОДВИГ КОЈ ГО ЧЕКАШЕ 64 ГОДИНИ, СЕЛЕКТОРОТ МАНЧИНИ НАЈАВУВА ДЕКА ОВА Е САМО ПОЧЕТОК
Објавено на: 13.11.2026
Во дуел на двата поранешни светски и европски прваци, Италија со 3:1 славеше над Франција во меч од петото коло во Лига на нации. Франција прва даде гол, но Аѕурите со пресврт стигнаа до триумф. По оваа победа, ситуацијата во групата стана хаотична затоа што Италија и Франција имаат по 10 бодови, а Белгија е трета со девет бодови.
Во последното коло Италија ќе гостува кај Белгија, а Франција ќе има многу полесна задача затоа што дома ќе ја пречека отпишаната Турција, па тогаш ќе биде расплетот во групата.
Интересно е дека по дури 64 години Италија ја победува Франција на домашно тло. Во овој период, Франција шест пати гостуваше во Италија и има четири реми и две победи, а сега прв пат загуби од 5 март 1962 година. Пред 64 години, Италија со 2:1 ја победи Франција и синоќа конечно Аѕурите повторно се радуваа, овојпат на триумф од 3:1.
Ова беше и прв пораз на Зинедин Зидан како предводник на Франција. Селекторот на Италија, Роберо Манчини е полн со оптимизам и најавува дека неговата селекција сега ќе атакува на победа и на гостувањето во Белгија во рамките од последното коло.
„Одигравме одличен меч. Успеавме да ја задржиме концентрацијата и целосно заслуживме да победиме. Сега треба да отидеме во Белгија и да победиме“, самоуверено рече Манчини.