Фудбал

ГВАРДИОЛА Е ПРЕД ВРАЌАЊЕ ВО ФУДБАЛОТ И ТОА НА ЕДНА НЕОЧЕКУВАНА ПОЗИЦИЈА

Еден од најдобрите тренери на денешницата Пеп Гвардиола би можел да се врати во фудбалот и тоа на исклучително изненадувачки начин. Откако помина десет години на чело на Манчестер Сити и си замина од англискиот гигант, шпанскиот стратег би можел да стане селектор.

Станува збор за националниот тим на Соединетите Американски Држави, кој во Гвардиола гледа потенцијален селектор по можното заминување на Маурисио Покетино. Според информациите на „Атлантик“, Шпанецот се смета за главна цел за оваа позиција.

Покетино има договор со репрезентацијата на САД до 2030 година, но најавите се дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати и 10 милиони долари како оштета за предвремен раскин на договорот. Наводно, Аргентинецот е многу блиску до преземање на славниот англиски клуб, кој моментално минува низ тежок период.