Фудбал

МАКЕДОНИЈА ИМА ТАЛЕНТИ, У-17 СЕЛЕКЦИЈАТА ДОБИ МЕЧ СО УНГАРИЈА НА КОЈ ГУБЕШЕ 0-2

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години оствари победа од 3-2 против Унгарија во првата квалификациска рунда за Европското првенство 2027 и направи голем чекор кон пласман во втората главна рунда.

Македонија е дел од Групата 11, која се игра во Трабзон, Турција, заедно со Турција, Унгарија и Сан Марино, а првите две одат понатаму меѓу 28-те најдобри.

Стефан Ристиќ беше херој на нашите надежи. Со хет-трик донесе победа со пресврт, откако Македонија губеше 0-2. Ристиќ сите голови ги даде во последните 30-тина минути, а победничкиот во 94-та минута.

На 14-ти ноември, Македонија ќе се соочи со Сан Марино во второто коло, а турнирот го затвораме со меч против домашната Турција на 17-ти ноември.