ОВА Е НАЈСЛАБИОТ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ВО ПОСЛЕДНИТЕ 40 ГОДИНИ
Објавено на: 09.11.2026
Манчестер јунајтед го бележи најлошиот почеток на сезона во Премиер лигата во последните 40 години. По драматичното реми 4-4 против Астон Вила на „Олд Трафорд“, тимот на Мајкл Керик има само осум бода по првите десет кола и се наоѓа на 18. позиција, во зоната за испаѓање.
Последен пат „црвените ѓаволи“ имаа толку лош старт во сезоната 1986/87, кога по десет одиграни натпревари беа на последното, 20. место на табелата.
Дополнителна причина за загриженост е серијата од осум последователни натпревари без победа во Премиер-лигата. Ваква негативна низа Манчестер јунајтед имаше само уште еднаш во поновата историја, во април и мај 2025 година.
Ситуацијата на „Олд Трафорд“ станува сè посериозна, а пред раководството и стручниот штаб претстои многу работа доколку сакаат да го извлечат клубот од резултатската криза и да го оддалечат од опасната зона.