Фудбал

ТРЕНЕРОТ НА ЛЕНС ПО ПОРАЗОТ (1-9) ОД КОМО: „БЕВМЕ ФУДБАЛСКИ ПОНИЖЕНИ“

Тренерот на Ленс, Јаник Кајзак, не го криеше разочарувањето по историскиот пораз од Комо (1-9) во Лигата на шампионите, оценувајќи го настапот на својот тим како вистинско понижување.

„Нема да користам големи зборови ниту да правам компликувани анализи. Целосно потфрливме. Единствениот збор што ми паѓа на памет е понижување. Мораме отворено да си ја кажеме вистината и да покажеме карактер уште оваа недела, на домашниот натпревар против Марсеј“, изјави Кајзак.

Тој очекува тимот да изнајде сила за нова реакција.

„Секој од нас има самодоверба и достоинство. Мораме искрено да се соочиме со себе и да ги разјасниме грешките за да можеме да кренеме глава уште во недела. Тоа е нашата главна цел. За жал, и ваквите тешки порази се дел од фудбалскиот пат. Секој натпревар има своја приказна. Имавме и добри моменти, вклучително и три последователни победи во првенството. Но, денес едноставно бевме понижени. Тоа е реалноста“, додаде тренерот на Ленс.