Фудбал

ГОЛМАНОТ ОСПИНА ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА

Колумбискиот голман Давид Оспина (38) објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.

Оспина кариерата ја почна во колумбискиот клуб Атлетико Насионал. Во Европа настапуваше за Ница, Арсенал и Наполи, а го чуваше голот и на саудиски Ал-Наср.

Тој двапати го освои ФА Купот на Англија, Купот на Италија, има три титули во колумбиското првенство. Но, најсилен печат осиави бранејќу за својата земја. Со 131 натпревар за колумбиската репрезентација, тој е рекордер меѓу голманите. Играше на три Светски првенства, а освои еден сребрен и два бронзени медали на Копа Америка.