Фудбал

МУРИЊО НЕ ГО КРИЕ ЗАДОВОЛСТВОТО: „САМО РЕАЛ МОЖЕ ДА ПОБЕДИ НА ОВОЈ НАЧИН“

Жозе Мурињо беше презадоволен од победата на Реал Мадрид над АЕК со 3:2, до која „кралевите“ стигнаа со гол во судиското продолжение.

Португалскиот стратег му оддаде признание на противникот, за кого смета дека го одиграл најдобриот натпревар досега, но нагласи дека неговите фудбалери верувале во победата до последниот судиски свиреж.

„Секако дека повеќе ги сакам лесните победи, кога водиме со 3:0 на полувремето. Но чувството кога ќе победиш во последните моменти е фантастично. Вакви натпревари можеме да добиваме само ние. Имаме храброст да ризикуваме кога е најтешко“, изјави Мурињо.

Тој ја пофали и реакцијата на резервните фудбалери, нагласувајќи дека сите придонесуваат за резултатите на тимот.

Мурињо се осврна и на најавеното вклучување на тениската легенда Рафаел Надал во раководството на Реал Мадрид.

„Како тренер на Реал, чувствувам огромна гордост што Рафа Надал ќе биде дел од клубот. Тој е вистински мадридиста“, порача португалскиот стратег.