ПОСЛЕ ЏУД И ЏОБ, И ТАТКО ИМ МАРК БЕЛИНГАМ ЌЕ ЗАИГРА ЗА АНГЛИЈА
Објавено на: 30.10.2026
Таткото на Џуд Белингам, Марк, беше повикан за настап во ветеранската репрезентација на Англија за фудбалери над 50 години. Поранешниот напаѓач кој има дадено над 700 голови во кариерата, да дебитира в недела на мечот против Република Ирска.
Марк Белингам има 50 години, а прекарот му е „Пеле на фудбалот од пониските лиги“.
Откако ја заврши играчката кариера, тој продолжи да игра на турнири за ветерани. Сега има можност да ја претставува Англија, чија ветеранска репрезентација е актуелен светски шампион.
Тој е и агент на своите синови. Беше директно вклучен во преговорите за трансферот на Џуд од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид во 2023 година, вреден 127 милиони евра, како и во преговорите за трансферот на помлалдиот син Џоб од Сандерленд во Борусија Дортмунд во 2025 година.
Џуд е редовен во А тимот, Џоб има играно за младински селекции, па Марк ќе биде третиот претставник од семејството кој ќе ја претставува земјата.