Фудбал

РЕАЛ СЕ ЖАЛИ ПРЕКУ КЛУПСКАТА ТВ: „НАРАЧАНО СУДЕЊЕ!“

Клупската телевизија на Реал Мадрид упати критики за судењето по победата од 2:1 над Барселона на „Камп Ноу“ во Ел Класико.

„Реал Мадрид одигра спектакуларно, но ВАР работеше по нарачка“, порачаа од клупскиот канал, посочувајќи три спорни ситуации во кои сметаат дека требало да реагира видеоасистент-судијата.

Од телевизијата побараа објаснување зошто не биле разгледани стартот на Кансело врз Диоманде, нагазувањето на Јамал врз Белингам и играњето со рака на Балде.

„Штотуку го добивме Ел Класико, па да го кажеме ова сега“, порачаа од Реал, одговарајќи им на критичарите кои сметаат дека клубот се жали на судењето само по неповолни резултати.

Така, и покрај големата победа, од мадридскиот клуб повторно го доведоа во прашање работењето на ВАР.