ХУЛИЈАН СЕ ИЗВИНИ ШТО ЛЕТОСКА БАРАШЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ОД АТЛЕТИКО ВО БАРСЕЛОНА
Објавено на: 25.10.2026
Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварес јавно им се извини на навивачите на Атлетико Мадрид за изјавата која ја даде за време на СП 2026 кога рече дека е најдобро да си оди од клубот и да си го оствари сонот.
Синоќа тој постигна гол за победа на Атлетико, а после мечот ја искористи приликата да се извини.
Сакам да им се извинам на навивачите за моите зборови за време на Светското првенство. Тоа беше грешка. Начинот на кој ги кажав зборовите, и времето, беа погрешни. Го разбирам гневот. И јас би бил лут да бев навивач, рече Алварес.
Желба му беше да замине во Барселона, што предизвика да биде исвиркан и навредуван од навивачите на тимот за кој што игра. Клубот по ниедна цена не сакаше да го продаде во Барса и тој остана во Мадрид.