Фудбал

ПСЖ БИ ПЛАТИЛ 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НИКО ВИЛИЈАМС

Пари Сен Жермен е заинтересиран да го потпише крилото на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, и тоа веќе за време на зимскиот преоден рок, откако останаа без Хвича Кварацхелија до крајот на сезоната.

Грузискиот интернационалец претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на десното колено за време на натпреварот против Барселона во на Лигата на шампионите  сега парижаните се принудени да бараат дополнителни опции во нападот.

ПСЖ го следи развојот на Вилијамс веќе неколку години и може да преземе конкретни чекори за да го привлече веќе во јануари. Нико кој има 24 години, под договор со Атлетик Билбао е дури до летото 2035 година, што би можело да ги комплицира сите преговори меѓу двата клуба. Откупната клаузула изнесува 100 милиони евра.

Атлетик нема намера да преговара за помала сума и јасно ставил до знаење дека заинтересираните клубови ќе мора да ја платат откупната клаузула доколку сакаат да го купат помладиот од браќата Вилијамс. ПСЖ нема поголеми финансиски пречки и доколку тренерот Луис Енрике инсистира на ангажманот на Вилијамс, парижаните би можеле да издвојат 100 милиони евра за да го доведат шпанскиот репрезентативец и да ја надоместат загубата на Кварацхелија.