Фудбал

БЕЛИНГАМ ОСТАНУВА ВО РЕАЛ МАДРИД ДО 2031 ГОДИНА

Џуд Белингам наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, кој ќе го врзува за „кралскиот клуб“ до летото 2031 година. Англискиот репрезентативец ги прифатил понудените услови и ќе биде меѓу најплатените фудбалери во Европа.

Според шпанските медиуми, преговорите меѓу двете страни минале одлично, а Реал е задоволен од желбата на 23-годишниот играч за врска да ја продолжи соработката. Претседателот Флорентино Перес сака со новиот договор јасно да покаже дека Белингам не е на продажба.

Реал пред нешто повеќе од три години плати речиси 130 милиони евра за да го доведе Англичанецот од Борусија Дортмунд. Белингам блескаше уште во првата сезона и му помогна на мадридскиот гигант да ја освои Лигата на шампионите.

Во дресот на Реал досега има 150 настапи, 49 голови и 36 асистенции. Оваа сезона на 10 натпревари постигна три гола и забележа исто толку асистенции.