ВЕЧНИТЕ РИВАЛИ ВО БИТКА ЗА ПОТПИСОТ НА ШПАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ?!
Објавено на: 13.10.2026
Десниот бек е отворен за можноста да се врати во Шпанија уште во зимскиот преоден рок, иако летово го продолжи договорот со лондонскиот клуб до 2031 година.
Поро е важен дел од тимот на Тотенхем, но почетокот на сезоната му е отежнат поради физички проблеми. Долгорочниот договор и високата плата би можеле да ја усложнат евентуалната зделка.
Барселона го гледа Шпанецот како потенцијално засилување на десната страна од одбраната, но пред да преземе конкретни чекори, клубот би требало да се раздели со Жул Кунде.
И Реал Мадрид ја следи ситуацијата. Интересот на „кралскиот клуб“ за Поро не е нов, бидејќи уште во 2019 година, додека играше за Жирона, имало обиди за негов ангажман. Тогаш тој заврши во Манчестер сити, а потоа настапуваше за Спортинг Лисабон и Тотенхем.