Фудбал

СУДИЈАТА ШТО ГО ИСКЛУЧИ ВИНИСИУС НЕМА ИСТ КРИТЕРИУМ: ВО ДРУГА СИТУАЦИЈА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ НА КОСА ДАДЕ САМО ЖОЛТ КАРТОН (ВИДЕО)

Нема крај околу реакциите за црвениот картон кој го доби Винисиус јуниор на мечот против Вилјареал. Винисиус даде гол, но не само што му беше поништен, туку доби и црвен картон, откако од ВАР собата забележаа како Бразилецот за кога го влече Салиба од Виљареал.

Реномираниот весник „Марка“ пренесува дека судијата, Алехандро Муњиз Руиз кој од ВАР собата бараше црвен картон за Винисиус, пред само една и пол година бил сведок на речиси иста ситуација и тоа кога тој бил главен арбитар.

Се работи за мечот кој се играл на 19 април 2025 година меѓу Мајорка и Леганес на стадионот „Сон Моиш“. Тогаш, Дани Родригез од Мајорка го повлече за коса противничкиот играч Неју, но Муњиз Руиз процени дека прекршокот заслужува само жолт картон.

На неодамнешниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Виљареал, Муњиз Руиз бил задолжен за ВАР. Токму тој го повикал главниот судија, Исидро Дијаз де Мера, да го прегледа инцидентот на мониторот, при што Винисиус ја повлекол косата на Салиба.

Правилата на играта не содржат одредба според која секое влечење за коса автоматски резултира со црвен картон. Сè зависи од тоа дали постапката се толкува како чин на бруталност или како насилно однесување.

Правилото 12 јасно наведува: „Ако играч употреби или се обиде да употреби прекумерна сила или бруталност против противник додека не се бори за топката […], постапката се дефинира како насилно однесување“. Оваа одредба била целосно применлива за прекршокот што Дани Родригез го направил врз Неју во април 2025 година. Судијата имал овластување да го исклучи играчот доколку сметал дека постапката била брутална или извршена со прекумерна сила, сепак, Муњиз Руиз проценил дека контактот не ги исполнува тие критериуми и ја ограничил казната на жолт картон.

Разликата во проценките на двата речиси идентични инциденти не произлегува од промена во Правилата на играта во текот на изминатата година и половина, туку од прецизирање на судиските критериуми во однос на нивната примена. Во август 2026 година, Судискиот комитет (CTA) го објави новиот прирачник CARD, кој нуди јасни примери за толкување на насилното однесување.

Водичот нагласува дека доделувањето директен црвен картон бара земање предвид на неколку фактори, како што се „интензитетот на дејството, конкретниот гест, точката на контакт, применетата сила и степенот на ризик“. Според судиските стандарди, разликата лежи во различните проценки на силата, интензитетот и ризикот поврзани со двата инцидента.