КУКУРЕЉА ГО БРАНИ ВИНИСИУС: „САМО АКО МИ ЈА ДОПРАТ КОСАТА …“
Објавено на: 12.10.2026
Поради исклучувањето, Винисиус сигурно ќе го пропушти дуелот со Севиља, а постои можност да не настапи ниту на гостувањето кај Барселона на 25 октомври. Неговата ситуација дополнително се усложни поради реакцијата при заминувањето кон соблекувалната, кога турна член на организацискиот тим задолжен за ВАР-системот.
„Марка“ потсети на сличен случај од пред година и пол, кога Дани Родригес го повлече за коса Нејоу на натпреварот меѓу Мајорка и Леганес, но доби само жолт картон. Интересно е што истиот судија тогаш беше во ВАР-собата и пријави прекршок за исклучување на Винисиус.
Разликата во одлуките повторно отвори прашања за толкувањето на правилата и процената на судиите во вакви ситуации.
По исклучувањето реагираше и дефанзивецот Марк Кукуреља, кој му се пожали на четвртиот судија.
„Ако мене ме допрат и за влакно, ќе им дадеш црвен картон? Оди на ВАР“, му дофрли Кукуреља, незадоволен од одлуката.