АРСЕН ВЕНГЕР МОЖЕ ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИФА
Објавено на: 10.10.2026
Поранешниот тренер на Арсенал, Французинот Арсен Венгер, се разгледува како можен кандидат за претседател на Светската фудбалска федерација ФИФА.
Изборите се во март 2027 година, а противниците на актуелниот претседател Џани Инфантино сакаат да го убедат Венгер да се кандидира и да му биде противкандидат на својот сегашен шеф. Рокот за аплицирање е 18-ти ноември.
Венгер го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година, а од ноември 2019 година наваму, тој е раководител на одделот за глобален развој на фудбалот на ФИФА.