Фудбал

ФРАНЦИЈА ОСТАНА БЕЗ МБАПЕ, А СЕ „ТРЕСАТ“ И ВО МАДРИД

Француската репрезентација остана без Килијан Мбапе по победата над Турција од 0-1 во Лигата на нации. Напаѓачот заработи повреда на коленото и предвреме го заврши натпреварот, а дополнителните прегледи покажале дека станува збор за повреда на тетивата.

Мбапе беше стрелец на единствениот гол на „триколорите“ во 54. минута, но при ударот го повреди коленото и не можеше да го продолжи натпреварот. Францускиот сојуз потоа потврди дека ѕвездата на националниот тим нема да биде во составот до крајот на репрезентативниот собир.

„При својот победнички удар, Килијан Мбапе го повреди коленото. Дијагностицирана му е повреда на тетивата и ќе го пропушти остатокот од репрезентативниот собир. Брзо закрепнување, Килијан“, објавија од француската репрезентација.

Селекторот Зинедин Зидан призна дека ситуацијата не изгледа охрабрувачки и дека стручниот штаб не сака да ризикува со најдобриот француски фудбалер.

„За жал, работите не изгледаат добро. Нема да преземаме никакви ризици. При ударот дошло до хиперекстензија на коленото. Не е охрабрувачки, особено ако се има предвид дека Килијан не можеше да остане на теренот“, изјави Зидан.

Мбапе сега ќе го напушти репрезентативниот камп и ќе се врати во Мадрид, каде што ќе продолжи со дополнителни медицински прегледи и рехабилитација.