ХАЛАНД ВЕЌЕ ОДЛУЧИЛ, ШПАНСКИТЕ РИВАЛИ ЧЕКААТ НА ГОТОВС?!
Објавено на: 15.09.2026
Ерлинг Халанд и натаму е целосно посветен на Манчестер сити, но зад сцената повторно се отвора прашањето за неговата иднина. Реал Мадрид и Барселона веруваат дека 2027 година би можела да биде моментот кога Норвежанецот ќе размислува за заминување од Англија.
Халанд на почетокот од 2025 година потпиша долгорочен договор со Сити, по што од клубот беше соопштено дека претходните откупни клаузули се отстранети. Сепак, според истите информации, во договорот и натаму постојат механизми кои во иднина би можеле да овозможат трансфер.
Наводно, постои и одредено разбирање меѓу Халанд и раководството на Сити дека клубот би бил подготвен да разговара за неговата иднина доколку самиот фудбалер посака нов предизвик.
За сега, нема индикации дека Халанд сака да го напушти клубот. Откако пристигна од Борусија Дортмунд во 2022 година, тој постигна 168 гола на 204 натпревари за Манчестер Сити и постави бројни рекорди.
Најновиот го оствари на последното градско дерби, кога со голот против Манчестер јунајтед стигна до девет погодоци во дербијата, со што стана најдобар стрелец во историјата на пресметките меѓу двата клуба во Премиер лигата.
Барселона внимателно ја следи ситуацијата, бидејќи во иднина планира да донесе голема ѕвезда во нападот, додека Реал Мадрид со години е заинтересиран за Норвежанецот. Халанд беше поврзуван со „кралскиот клуб“ и пред трансферот во Сити, а интересот никогаш не исчезна.
Според информациите, 2027 година засега се издвојува како можна пресвртница во иднината на еден од најдобрите напаѓачи во светот.