Фудбал

ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ПОСЛЕ 30 ГОДИНИ СЕ ВРАЌА НА КАМП НОУ

На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Солун, одлучено е финалето на Лигата на шампионите во 2028 година да се игра во Минхен, а во 2029 во Барселона на „Камп ноу“.

Финалето на ЛШ се враќа на најголемиот стадион во Европа после 30 години и незаборавниот драматичен меч на Манчестер јунајтед  и Баерн.

Што се однесува до Лига Европа, финалето во 2028 ќе биде во Букурешт, а во 2029 во Белград на новиот национален стадион кој се гради во Сурчин и треба да биде готов на почетокот на 2028.

Во Конференциската лига, финалето во 2028 ќе биде на „Алијанц“  во Торино, а една година подоцна на „Пушкаш“  во Будимпешта.