Фудбал

АНРИ ЗНАЕ КОЈ МОЖЕ ДА ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ ВО ЛШ ОВАА СЕЗОНА

Новата сезона во Лигата на шампионите штотуку започна, но веќе се прават првите проценки за главните фаворити за европскиот трофеј. Меѓу нив, според легендарниот Тјери Анри, мора сериозно да се смета и на Барселона.

Французинот, кој во минатото го носеше дресот на каталонскиот гигант, е особено импресиониран од начинот на кој тимот на Ханси Флик ја започна сезоната. Анри смета дека Барселона конечно го решила проблемот кој долго време ја следеше – одбраната.

„Барселона постигна 22 гола на пет натпревари, но мене ме фасцинира фактот што примија само три. Тоа е најголемата разлика во однос на она што го гледавме порано. Тие секогаш постигнувале голови и секогаш ќе биде така. Тоа е Барселона. Но, проблемот беше одбраната, а сега и таму изгледаат одлично“, изјави Анри.

Легендарниот напаѓач предупредува дека сезоната е долга и дека ниту еден трофеј не се освојува во септември, но статистиката на каталонците веќе испраќа силна порака до конкурентите.

„Сезоната е долга и, секако, сè уште немаат освоено ништо. Но, начинот на кој играат ќе предизвика реакција кај другите тимови. Кога ќе ја видите разликата меѓу постигнатите и примените голови, ќе се запрашате: ‘Чекај, не само што постигнуваат толку многу голови, туку сега и не примаат многу? Дури и од корнери не примаат многу голови?’“, додаде Анри.

Тој посебно го истакна и пристигнувањето на Родри, кој според него може да внесе дополнителна стабилност и искуство во тимот.

„Се гледа дека имаат самодоверба и дека се свежи. Тука е и доаѓањето на Родри, кој им носи дополнителна смиреност, искуство и може да ги насочи.“

Сепак, Анри смета дека Барселона ќе мора да го мине најтешкиот тест доколку сака да покаже дека навистина е подготвена за европскиот врв. За него, Пари Сен Жермен и понатаму е тимот кој треба да се победи.