КУРТОА НЕМА ДА БРАНИ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ, НО БИ СЕ ВРАТИЛ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП
Објавено на: 09.09.2026
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, одби да игра за белгиската репрезентација во Лигата на нации. Голманот ја донел оваа одлука по разговор со селекторот Марк ван Бомел.
По разговорот со Марк ван Бомел, решив да не играм во Лигата на нации освен ако селекторот има проблеми со повреда. Ќе бидам подготвен да играм во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, но селекторот ми рече дека не може да ми гарантира место во почетниот состав ако е задоволен од голманот кој ќе игра во Лигата на нации. Но, ќе се борам за место во тимот, рече Куртоа.
Куртоа претходно ја прекина кариерата во белгиската репрезентација поради конфликт со тренерот Доменико Тедеско. Голманот се врати во репрезентацијата во зимата 2025 година. На 115 натпревари за репрезентацијата, прими 90 гола и 57 пати не прими гол.
Во групната фаза од Лигата на нации, Белгија ќе игра во група со Франција, Италија и Турција.