СЕ ПОДГОТВУВА ВИСТИНСКА БОМБА: РАФИЊА ВО АРСЕНАЛ ЗА 80 МИЛИОНИ ЕВРА?
Објавено на: 07.09.2026
Арсенал веќе ги крои плановите за јануарскиот преоден рок, а Микел Артета наводно има нова голема желба. Лондонскиот клуб сериозно размислува да испрати понуда од 80 милиони евра за Рафиња.
Според информациите од Шпанија, бразилскиот репрезентативец е една од приоритетните трансферни цели на Топчиите, откако Артета во текот на летото не успеа да донесе уште едно големо име во нападот.
Ситуацијата дополнително се промени по заминувањата на Габриел Жезус и Габриел Мартинели. Арсенал го ангажираше Кристос Цолис, но во Лондон очигледно сметаат дека офанзивната линија и понатаму има потреба од дополнителен квалитет и поголема широчина.
Токму тука во приказната влегува Рафиња.
Бразилецот зад себе има фантастичен период во Барселона, а одлично ја започна и новата сезона. На првите три настапи во Ла Лига веќе постигна пет гола, а двапати се запиша во листата на стрелците и во убедливата победа од 5-2 против Рајо Ваљекано.
Сепак, Арсенал ќе има исклучително тешка задача доколку навистина сака да го доведе.
Рафиња има договор со Барселона до летото 2028 година, а во него стои неверојатна откупна клаузула од една милијарда евра. Тоа значи дека каталонскиот гигант нема никаква обврска да ја прифати понудата од 80 милиони евра, која е драстично помала од сумата наведена во договорот.