Фудбал

ГОЛМАН ГОЛГЕТЕР, КУМАН ПОМЛАДИОТ ИСПИША ИСТОРИЈА ВО ХОЛАНДИЈА

Роналд Куман јуниор, кој е син на Роналд Куман, иако е голман, постигна два гола во ремито 2-2 на Телстар против Камбур и испиша историјата на холандската Ередивизие.

Домашните губеа 0-2, но со два реализирани пенали на голманот Куман јуниор, дојдоа до бод.

Вториот пенал беше изведен под огромен притисок, бидејќи дојде во 101-та минута.