ВИНАТА ЗА ПОРАЗОТ НА РЕАЛ, МУРИЊО ЈА НАЈДЕ КАЈ ИГРАЧИТЕ НА БЕТИС
Објавено на: 05.09.2026
Реал Мадрид го претрпе првиот пораз во новата сезона и тоа на гостувањето кај Бетис со 1:0. Кралскиот клуб имаше шанса да стигне барем до бод, но Килијан Мбапе промаши пенал во 90+4 минута. По мечот, очекувано имаше многу негодувања од страна на гостите од Мадрид, а тренерот Жозе Мурињо, посебно забелешки имаше на фудбалерите на Бетис.
„Зошто добив жолт картон? Се бунев затоа што играчот на Бетис се правеше мртов. Не знам зошто добив картон. Факт е дека во првото полувреме ниту еден играч на Бетис не доби жолт картон, а кутриот Арда кој игра фудбал, доби жолт. Не знам зошто. Моите играчи се наивни. Зошто го велам тоа? Затоа што во одредени ситуации имаше жолти картони како по книга, но моите играчи не успеаа да го натераат противникот да добие жолт картон. Ќе ви дадам пример. Во првата минута играчот на Бетис го гази Валверде по стопалото. Тоа е жолт картон како по буквар. Но, што направи Валверде. Тој остана на нозе, без да се обиде да падне. На спротивната страна, играчите на Бетис толку многу глумеа, човек да помисли дека веднаш им треба Брза помош. Тој дечко беше „мртов“ пред мојата клупа. Помислив дека веднаш треба Брза помош, а не му беше ништо“, се жалеше Мурињо.
Кога се работи за самиот меч и играта, Мурињо кратко коментираше: „Навистина не знам како загубивме. Игравме добро. Ставот на фудбалерите беше фантастичен. Бетис вечерва доби на лото. Не ги обвинувам играчите за поразот. не заслуживме да загубиме“.