ПОЗНАТА Е ПРИЧИНАТА ЗА ПРЕКИНОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ БАЕРН И КЕЈН
Објавено на: 05.09.2026
Постои огромна шанса искусниот англиски голгетер Хари Кејн да остане во Баерн Минхен и по летото 2027 година, но има еден „мал“ проблем во преговорите за продолжување на соработката.
Баерн е среќен со Кејн. Кејн е среќен во Баерн. Се договорија и за висината на платата, Кејн одби понуди од Саудиска Арабија. Но, во овој случај, спорната точка помеѓу Баерн и Кејн е должината на договорот, бидејќи играчот има за цел да остане во Минхен до летото 2030 година, додека клубот свесен за возраста на Англичанецот, му понудил договор за една сезона помалку, до 2029.
Оваа пречка е причината зошто Англичанецот сè уште не го продолжил договорот со Баварците.
Според германските медиуми, логиката налага дека во оваа ситуација може да се најде компромисно решение, а тоа е двегодишен договор со можност за продолжување за уште една сезона.