Фудбал

МАРЕСКА ГО НАЈАВИ ДУЕЛОТ ПРОТИВ КОВЕНТРИ: „ЕНЦО ФЕРНАНДЕС ЌЕ ИГРА!“

Менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, зборуваше пред медиумите во пресрет на утрешниот натпревар против новиот премиерлигаш Ковентри.

Италијанецот потврди дека новото рекордно засилување Енцо Фернандес е подготвено за настап и го опиша како вистински победник.

„Енцо е подготвен. Тој знае како се освојуваат трофеи – Светско првенство и Светско клупско првенство. Најважно е што е победник. Сепак, нема да биде меѓу капитените. Тоа ќе бидат Рубен Диаш, Ерлинг Халанд, Марк Геи и Џанлуиџи Донарума“, изјави Мареска.

Италијанецот откри дека соиграчите со нетрпение го очекувале неговото пристигнување.

„Во последните четири-пет дена четворица или петмина играчи ме прашаа дали ќе дојде, бидејќи сакаат да биде со нас. Многу е важно што е тука и сите сме целосно задоволни“, додаде тој.

Мареска го пофали и Ковентри, како и тренерот Франк Лампард, а предупреди дека ги очекува тежок натпревар.

„Лампард заврши фантастична работа минатата сезона и очекувам така да биде и оваа. Јасно е што сакаат со и без топката. Сите натпревари во Премиер лигата се тешки.“

За составот, Мареска потврди дека Жереми Доку сè уште е надвор од конкуренција, додека Матеус Нунеш се враќа и ќе биде во тимот за утрешниот натпревар.