ДЕ ЛА ФУЕНТЕ КАТЕГОРИЧЕН: „РОДРИ Е МЕСИ ЗА ШПАНСКИОТ ФУДБАЛ“
Објавено на: 03.09.2026
Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, упати големи пофалби за Родри, кого го спореди со Лионел Меси и го прогласи за најдобар играч во светот на својата позиција.
Во интервју за „Радио Марка“, Де Ла Фуенте истакна дека трансферот на Родри во Барселона би бил позитивен за шпанскиот фудбал.
„Родри е Меси на шпанскиот фудбал“, изјави Де Ла Фуенте.
Шпанскиот селектор зборуваше и за Лионел Меси, кој најави крај на репрезентативната кариера со Аргентина.
„Тој е легендарна фигура во фудбалот. Ќе се пензионира кога тој ќе посака, но фудбалот нема да го напушти“, порача Де Ла Фуенте.