ОВА СЕ ПЕТТЕ ПРАВИЛА НА МУРИЊО КОИ НАПРАВИЈА РЕД ВО СОБЛЕКУВАНАТА НА РЕАЛ МАДРИД
Објавено на: 03.09.2026
Жозе Мурињо по враќањето во Реал Мадрид веднаш постави јасни правила во соблекувалната. Португалскиот тренер инсистира на дисциплина и еднакви услови за сите играчи, без оглед на нивниот статус.
Едно од најстрогите правила се однесува на доцнењето на тренинг. Фудбалерот кој ќе задоцни веднаш се издвојува од групата и оди на индивидуален тренинг во теретана, а дополнително автоматски го пропушта и следниот натпревар.
Мурињо не планира парични казни, бидејќи смета дека тие немаат доволен ефект врз играчите со високи примања. Наместо тоа, губењето место во тимот го гледа како многу посериозна казна.
Строги правила има и за рехабилитацијата. Играчите кои се повредени мора да се лекуваат под контрола на клупските лекари, додека приватни третмани надвор од клубот не се дозволени.
И исхраната е регулирана. Фудбалерите мора да го почитуваат клупскиот план за исхрана, без самостојно одлучување за оброците.
Петте правила на Мурињо:
- Нема доцнење на тренинг.
- Доцнењето значи пропуштање на следниот натпревар.
- Нема парични казни.
- Рехабилитацијата е под контрола на клубот.
- Исхраната е строго пропишана.